Александар Касаноф е избран за заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски работи, соопшти Стејт департментот. Тој доаѓа на функцијата како наследник на Габриел Ескобар, чиј мандат заврши на крајот на мај.
Касаноф претходно служеше како извршен помошник на поранешната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд. Служеше и во Ирска, во Туркменистан, во Чиле и во Украина.
Како што се наведува, добитник е на награда за својата работа како политички советник во американската амбасада во Киев за време на „Револуцијата на Мајдан“.
Задачи на Касаноф во Вашингтон ќе бидат директор на Канцеларијата за глобална политика и програми во Бирото за меѓународни наркотици и работи за спроеведување на законот, директор на Канцеларијата за источноевропски работи и заменик директор на Канцеларијата за прашања за Кавказ и регионални конфликти.
Касаноф заврши Национален воен колеџ, училиште за меѓународни стиудии „Џонс Хопкинс“ и Хамилтон колеџ. Зборува француски, шпански, руски и италијански јазик.