Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на социјалната мрежа „Х“ дека синоќа разговарал со Доналд Трамп, му честитал за номинацијата за претседател, го осудил обидот за убиство на Трамп минатата недела и се согласил да договори лична средба.
„Му посакав сила и апсолутна сигурност во иднина“, објави Зеленски на „X“.
Тој додаде дека Украина „секогаш ќе им биде благодарна на САД за помошта во зајакнувањето на нашата способност да се спротивставиме на рускиот терор“.
Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп објави на Truth Social дека имал „многу добар разговор“ со украинскиот претседател Зеленски во петокот и ветил дека ќе стави крај на војната меѓу Киев и Москва преку преговори „дури и пред да ја преземе функцијата во јануари доколку победи на изборите на 5 ноември.