Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и официјално ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори на конвенцијата на Републиканската партија, нагласувајќи дека се кандидира да биде претседател на цела Америка, а не само на половина од земјата.
Зборувајќи за нападот на митингот во Пенсилванија, Трамп рече дека не требало да биде на конвенцијата во Милвоки, но оти, како што рече, „Бог бил на негова страна“.
Рече дека несогласувањата и поделбите во општеството мора да се излечат. Трамп, исто така, ги поздрави своите поддржувачи кои беа очевидци на атентатот врз него и побара едноминутно молчење во спомен на загинатиот поранешен пожарникар Кори Комператоре, кој беше во публиката на митингот во Пенсилванија.