Вести Свет

Во Лозница убиен граничен полицаец, уште еден тешко ранет

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ потврди дека во текот на ноќта во Лозница еден полицаец е убиен, додека друг е тешко ранет, а припадниците на МВР на местото на пукањето пронашле косовски пасош на осомничениот на име Хајзири Артан (1991) и германска лична карта.

-Вечерва околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возилото на пункт во Липнички Шор, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле мерцедес со регистарски таблички од Тутин, во кој имало две лица, стои во соопштението на МВР.

При излегувањето од возилото, едно лице пукало од пиштол во градите на полицаецот Никола Крсмановиќ (1990), и во рамото на полицаецот Вјекослав Илиќ (1974), по што избегал.

Двајцата полицајци биле пренесени во Општата болница Лозница, каде Крсмановиќ им подлегнал на повредите.

Силни полициски сили интензивно трагаат по напаѓачот, на терен се полициски службеници од МВР Шабац, како и од Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, а покренати се и беспилотни летала и хеликоптери, се наведува во соопштението на МВР.

На местото на престрелката полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од институции на Косово на име Хајзири Артан (1991)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе