Вести Свет

Поддржувачите на американските републиканци ставија преврска на уво во знак на солидарност со Трамп

Некои од присутните на националната конференција на Републиканската партија вчера се појавија со преврска на  уво во знак на солидарност со поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Трамп, кој се кандидира за втор мандат, беше застрелан во десното уво во обид за атентат на предизборен митинг минатиот викенд.

Оттогаш, тој секоја вечер пристигнува на местото во Милвоки, Висконсин со преврзано уво и добива овации од публиката.

Во понеделникот Трамп беше официјално номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија за ноемвриските избори.

Тој денеска треба да одржи говор, кој традиционално е завршен говор на четиридневниот настан.

На партискиот состанок се продавале  маички со фотографија од поранешниот претседател направена  откако беше ранет, на која е прикажан во крената тупаница со крв на лицето додека го извлекуваат од бината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе