Вести Свет

Европарламентот ќе гласа за нов мандат на Фон дер Лајен

Европратениците ќе гласаат за реизбор на Фон дер Лајен за претседателка на Европската Комисија.

На почетокот на денешното заседание на Европскиот Парламент, Фон дер Лајен ќе има обраќање пред европратениците во кое ќе ги претстави своите визија и планови за работа на Европската комисија за следните пет години по што ќе следи расправа по предложената програма.

Гласањето е тајно, а за да биде избрана Фон дер Лајен треба да добие апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници или 361 глас.

Фон дер Лајен беше номинирана за втор мандат на местото претседателка на Европската комисија од страна на шефовите на држави или влади на земјите членките на ЕУ на нивниот Самит одржан на 27 јуни во Брисел.

Доколку, сепак Фон дер Лајен не ги добие потребните гласови, Европскиот совет во рок од еден месец мора да предложи нов кандидат, кој повторно треба да биде поддржан од мнозинството од вкупниот број европратеници.

Постапката се повторува се додека некој од кандидатите предложени од Советот не биде избран со потребното мнозинство од страна на Европарламентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе