Спорт Фудбал

Пет милијарди луѓе го следеле Евро 2024

Европскиот фудбалски шампионат не е само континентален и веќе одамна има статус на глобален настан, а тоа се потврдува многу податоци.

Според првичните анализи на бројките околу гледаноста на директните телевизиски преноси се проценува дека крај малите екрани имало околу пет милијарди луѓе.

Дека европското првенство предизвика огромен интерес се  потврдува и со фактот дека за овие четири недели бројот на следбеници на сите социјалните мрежи е зголемен за 14 милиони, а во текот на првенството регистрирани се 335 милиони објави, а видео материјалите имаат 2,8 милијарди прегледи.

Во текот на шампионатот низ навивачките зони во десетте града минале околу шест милиони посетители, а рекордот е забележан во Дортмунд на мечот Германија – Шпанија каде имало 547.000 луѓе.

Навивачите кои допатуваа во Германија за да патуваат низ земјата и да ги следат мечевите најчесто го користеле железничкиот превоз и во текот на изминативе четири недели биле продадени скоро 300.000 билети, а околу еден милион посетители аплицирале за пропусници за користење на јавниот превоз.

Според првите проценки Германија од Европското првенство се очекува да има приход од милијарда евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе