Вести Свет

Украински дезертер бил застрелан од украинските граничари откако се обидел да побегне

Украински граничари застрелаа дезертер од вооружените сили на земјата.

Портпаролот на Граничната служба Андриј Демченко изјави дека дезертерот бил застрелан откако нападнал граничен чувар.

Убиениот бил дел од група од четворица дезертери.

Тие биле запрени на контролен пункт на околу 15 километри од границата на Украина со Молдавија.

Двајца се обиделе  да избегаат, а еден е застрелан откако не застанал  кога бил испукан предупредувачки истрел.

Истражителите велат дека групата побегнала од полигонот во јужниот регион Одеса со такси и отпатувала во отцепениот молдавски регион Придњестровје, контролиран од проруските сепаратисти.

Остатокот од групата е приведен.

Според воениот закон, украинските мажи на возраст меѓу 18 и 60 години можат да ја напуштат земјата само во исклучителни околности.

Како одговор, Киев подигна огради од бодликава жица долж границите на земјата и изгради контролни пунктови во близина на пограничните области.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе