Балкан Вести Свет

Пит бул изгриза човек до смрт во стан во Нови САД

Во стан во Нови Сад утрово било пронајдено тело на 56-годишен маж, кој бил изгризан до смрт  од куче од расата Пит бул.

Итната медицинска помош интервенирала по повик од неговиот син.

Портпаролот на Итната помош д-р Зоран Круљ за локалните медиуми изјавил дека нивната екипа на лице место можела само да констатира смрт .

„Нашиот тим интервенираше по дојава дека куче пит бул териер нападнало човек и му нанело фатални повреди. Медицинскиот тим интервенираше веднаш, но можеа само да ја потврдат смртта на 56-годишниот човек на лице место“, наведува Круљ.

Кучето било во сопственост на неговиот син.

На неговиот син му е одредена мерка притвор од 48 часа по што по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе