Премиерот Мицкоски тврди дека нови пари од унгарската Влада ќе бара во јануари кога доспева за враќање еврообврзница. Од податоците може да се види дека тогаш доспева онаа од 2018 година кога министер за финансии беше Драган Тевдовски. И тогаш објаснувањето беше дека задолжувањето се прави за да се вратат стари долгови, но и да може редовно да се извршуваат буџетски расходи.
Оваа еврообврзница е со каматна стапка од 2,75 отсто. Анализата на каматните стапки на еврообврзниците покажува дека каматата на оваа која треба да се врати за половина година е меѓу пониските, и нешто помала од онаа на новиот заем од Унгарија.
Сега се 500 имаме обврзница која ја земаа под ултра лоши улови дали се сеќавате потпиши не потпиши кога се губеа милиони евра таа доспева на 25 јануари зошто сега да земеме, па да плаќаме камата кога можеме во јануари, отворена ни е рамката, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Но, ова не е единствената еврообврзница која доспева. До 2028 година треба да се покријат долговите и од други три, односно за сите ќе треба половина буџет или 2, 87 милијарди евра.
Пред неколку дена од унгарската влада Мицкоски најави заем од 500 милиони евра за општините и за стопанството со камата од 3, 25 отсто. Откако дел од експертите посочија дека треба да се објасни зошто постојано се најавуваше дека заемот ќе биде милијарда па се преполови, Мицковски сега тврди дека договорил и повеќе од милијарда.
Паралелно државата ја прекројува државната каса. Се прават последните пресметки од каде ќе се крати, а каде ќе се додадат плус пари. Се бараат средства за повисоки пензии и за инвестиции во општините. Според, информациите утре ребалансот треба да се најде на владина седница.
Според, бројките за половина година реализирани се само 28 отсто од планираните капиталните инвестиции. Најверојатно оваа ставка ќе биде таа од каде ќе се префрлаат пари, онаму каде што треба, но и од ставката разни трансфери. Најчесто при креирање на буџетот капиталните инвестиции високо се проектираат и по извесно време токму од кај нив се крати. Ребалансот на буџетот треба да биде изгласан во собранието најдоцна до првата недела од август.
Ирена Чачкова