Вести Најважни Свет

Како се случи нападот врз Трамп додека бил под заштита на Тајната служба? – „Политико“ со шест прашања на кои се чекаат одговори

По обидот за атентат, Доналд Трамп пристигна во Милвоки каде републиканците во текот на претстојниот викенд и официјално ќе го номинираат за свој претседателски кандидат. Но, нападот врз него на митинг во Пенсилванија отвори големи дилеми за политиката и националната безбедност.

И додека ФБИ се обидува да ги утврди мотивите на напаѓачот, „Политико“ издвојува шест клучни прашања за инцидентот за кои се чекаат одговори

  1. Зошто напаѓачот го гаѓал Трамп? – Снајперист го ликвидира 20-годишниот Томас Метју Крукс, набрзо по испукувањето на куршумите. Крукс живееше во Бетел Парк, во Пенсилванија, предградие на висока средна класа, оддалечен на околу еден час возење од местото на митингот на Трамп. ФБИ сè уште го истражува профилот на Крукс и причините кои го мотивирале да го изврши нападот. За да го направат тоа, ќе интервјуираат пријатели и семејството, ќе се прегледува нивната интернетска историја и слично. Службеник за спроведување на законот рече дека истражителите гои прегледуваат и објавите на Крукс на Дискорд, популарна апликација за разменување на пораки и интеракција со други. Крукс бил регистриран како републиканец, но во една прилика донирал 15 долари во проект на демократска организација, покажуваат јавно достапните податоци. Претседателот Џо Бајден јавно ги повика Американците да не шпекулираат со мотивите за нападот. „ФБИ нека ја работи својата работа“, нагласи тој.
  2. Како се случи нападот додека Трамп бил под заштита на Тајната служба? – Трамп има деноноќна заштита од Тајната служба како поранешен претседател на САД. Иако неговите собири се често посетени од десетици илјади луѓе, секое лице е подложено на интензивни безбедносни проверки, мора да отвори торба/ранец и да мине низ детектор за метали пред да влезе во просторот. Вооружениот напаѓач пукал кон Трамп од оддалеченост од околу 150 метри, од покрив кој е во близина на собирот, но надвор од местото на одржување. Нејасно е зошто Тајната служба не го обезбедила тоа подрачје и зошто им требало толку време на службениците да одговорат. Куршумот го допре десното уво на Трамп, а откако поранешниот претседател падна на земја, телохранителите поитаа кон него да го заштитат. Додека го стануваа, Трамп застана на нозе, дигна тупаница во воздух и ги повика своите симпатизери да се борат пред да ја напушти бината со телохранителите. Останува прашањето дали дојде до инцидентот поради проблеми со протоколот или неадекватно финансирање.
  3.  Што имал напаѓачот во план? – Полицајците кај напаѓачот пронајдоа пушка во стилот на АР, а според информации што два неименувани извора ги споделиле со АП, оружјето му припаѓало на неговиот татко. Властите соопштија дека е пронајден и експлозив во автомобилот на напаѓачот, вклучително и импровизирана експлозивна направа. Дополнително, во семејната куќа на напаѓачот се пронајдени и материјали за изработка на бомба.
  4.  Дали републиканците ќе веруваат на ФБИ дека ќе спроведе истрага? – Републиканците и конзервативни медиумски лица веќе истакнуваат дилеми за тоа дали да му се верува на ФБИ дека ќе го истражи обидот за атентат.
  5.  Како ќе влијае обидот за атентат врз Националната конвенција на Републиканската партија? – Официјални лица викендот нагласија дека не прават никакви оперативни измени, кога е во прашање безбедноста на Републиканската национална конвенција (РНК), со оглед дека веќе биле вклучени во детално планирање во последните година и половина. „Не постојат „познати артикулирани закани“ против РНК или било кого кој посетува РНК“, рече Мајкл Хенсли, главен агент на ФБИ. Гувернерот на Висконсин, Тони Иверс викендот побара да се забрани оружје во т.н. „мек периметар на конвенцијата“ и повика на преземање на дополнителни мерки за заштита на учесниците.
  6. Како пукањето ќе ја промени кампањата во пресрет на изборите? – Кампањата на Бајден, набрзо по пукањето, ги повлече дигиталните реклами од етерот, ја запре претседателската кампања и службените планови за патувања. Потпретседателката Камала Харис го одложи заминувањето во Вест Палм Бич на Флорида, каде требаше да разговара за правата за абортус во близина на матичната база на Трамп. Бајден, пак, го одложи планираното патување во Тексас и наместо тоа, ќе има интервју за „Ен-Би-Си“ од Белата куќа, а со преизборните активности ќе продолжи утре во Лас Вегас.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе