Премиерката на Естонија, Каја Калас поднесе оставка од функцијата до претседателот Алар Карис, откако беше номинирана за висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност. Се наведува дека кон крајот на летото, Калас ќе поднесе оставка и од функцијата претседател на Реформската партија.
Калас е премиерка на Естонија од 2021 година и предводеше три последователни влади. Како што е наведено, во тек се меѓупартиски преговори за продолжување на актуелната владејачка коалиција, а овие преговори во име на реформистите ги води Кристен Михал, кој е предложен за претседател на Реформската партија.
Според процедурата, претседателот Карис ќе разговара со партиите, а потоа ќе го додели мандатот. Новата влада треба да биде избрана на почетокот на август.