Американскиот претседател Бајден вечерва ќе се обрати до нацијата од Овалната соба во Белата куќа. Претходно на куса прес конференција рече дека на Трамп му е зголемено нивото на безбедност и дека ке бидат обезбедени сите расположливи ресурси за да се обезбеди негова заштита. Трамп утре ке се обрати во Висконсин каде ке се одржи конвенција на републиканците.
Според Бајден сите мерки за безбедност во Висконси ке бидат зголемени. Кажа и дека наредил независна истрага за да се открие што точно се случило на митингот на Трамп во Пенсилванија. Американскиот претседател повика на обединување на нацијата и рече дека резултатите од истрагата ке му бидат познати на американскиот народ.
,, Обидот за атентат е спротивен на се за што се залагаме, како народ, сè. Toa не е кои сме како нација. Тоа не е Америка. И не можеме да дозволиме тоа да се случи. Единството е најнеостварлива цел од сите. Но, ништо не е поважно од тоа во моментов. Единство.’’ – вели Бајден.
Бајден веднаш по обидот за атентат врз неговиот против кандидат рече дека нема место за ваков вид на насилство во САД.
,, ФБИ ја води оваа истрага, која се уште е во рана фаза. За сега, немаме информации за мотивот на напаѓачот. Знаеме кој е тој. Ги повикувам сите, сите, ве молам да не правите претпоставки за неговите мотиви.’’ – вели претседателот.
Повика истрагата да биде темелна и брза и дека истражителите на располагање ке ги имаат сите ресурси. Во меѓувреме републиканците чиј кандидат на претседателските избори ке биде Трамп, велат дека партијата цврсто стои зад него. Републиканците велат дека ке соработуваат со тајите служби за да ги обезбедат сите настани на кои ке се појавува Трамп во предизборната кампања.
Загриженост изразија и гласачите во Калифорнија. Шокирани, велат не можеле да поверуваат дека вакво нешто се случило.
„Еден мој пријател навистина ми испрати порака и ми рече: Има пукање на митингот. А јас бев како – Не! Дали е добро Трамп? – истакна подржувачка на Трамп.
„Јас сум од Њупорт Бич, Калифорнија, а ова е земјата на Трамп. И се што знам е дека сигурно ќе победи сега. Ова нема да го урне. Мислам, шокиран сум што чамците не се надвор, и не се прави парада на Трамп, тоа е ужасно, и тоа е 100% војна против американскиот народ. – вели Дарлин Савоји, поддржувач на Трамп
„Бев шокиран што се случи истото како во минатото со другите претседатели. Знаете, мислев до сега, знаете, дека нашата безбедност ќе биде многу поголема отколку што очекував. – потенцираше Гресфорд Томас, избирач од областа.
Во минатото се извршени антентати врз повеќе американски претседатли и претседателски кандидати.
До сега четири претседатели на САД се убиени во атентати, а исто толкав број ги преживеаа нападите.
Марија Коцева