Вести Свет

Турција го лансираше својот прв комуникациски сателит „Турксат 6-А“

Турција утрово го лансираше својот прв комуникациски сателит од домашно производство „Турксат 6-А“ во орбитата. Користена е ракета „Спејс-Икс фалкон 9“ којашто полета од станицата на вселенските сили „Кејп Канаверал“ на Флорида (САД) .

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека лансирањето на сателитот го означува почетокот на „новата фаза“ за Турција во производството на сателити.

– Ние (Турција) произведовме повеќе од 81 отсто од потсистемите, сателитските копнени станици и софтверот во проектот „6-А“, што е од големо значење за иднината на нашата земја во Вселената, посочи тој.

Турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу рече дека првиот сигнал од сателитот бил примен 67 минути по лансирањето. Тој додаде дека „Турксат 6-А“ е резултат на 10-годишниот напор за изградба на домашен сателит, нагласувајќи дека Турција станала една од 11-те земји што го направиле тоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе