Вести Свет

Сестрата на Ким Џонг-ун и се закани на Јужна Кореја: „Ќе претрпите страшна катастрофа“

Ким Јо Јунг , моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, неодамнешните вежби со живи оган во Јужна Кореја ги нарече „самоубиствена хистерија“. Таа се закани со неодредени воени чекори доколку Сеул продолжи со дополнителни провокации.

Предупредувањето доаѓа откако Јужна Кореја ги продолжи вежбите со вистински оган во близина на нејзините копнени и поморски граници со Северна Кореја. Ова се први вежби од ваков вид откако Сеул во јуни го суспендираше договорот со Пјонгјанг од 2018 година, чија цел беше да се смират тензиите на линијата на фронтот.

„Прашањето е зошто непријателот почна воени вежби во близина на границата. Таква самоубиствена хистерија, поради која ќе мора да претрпат страшна катастрофа“, рекол Ким Јо Јонг, пренесуваат севернокорејските државни медиуми.

Таа ја обвини конзервативната влада на Јужна Кореја дека намерно ги ескалира тензиите како начин да се избегне внатрешна политичка криза. Таа нагласи дека ризичноста на јужнокорејските вежби им е јасна на сите, особено што следеа откако САД, Јужна Кореја и Јапонија неодамна одржаа нова трилатерална воена вежба која Северна Кореја ја смета за безбедносна закана.

„Во случај тие да бидат оценети според нашите критериуми дека го нарушиле суверенитетот и извршиле чин што значи објава на војна, нашите вооружени сили веднаш ќе ја извршат својата мисија и должност доделени со Уставот“, изјави Ким Јо Јонг, без давајќи детали.

Портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување, Ку Бјонгсам, изјавите на сестрата на севернокорејскиот лидер ги опиша како обид да предизвика внатрешни поделби во Јужна Кореја. Тој рече дека Пјонгјанг мора прво да ги погледне сопствените кршења на човековите права и меѓународната изолација предизвикана од нуклеарната програма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе