Вести Македонија

Пациентот каснат од пајакот „црна вдовица“ закрепнува, граѓаните велат дека не знаат како да се заштитат од опасни инсекти

Пациентот кој вчера беше каснат од пајакот „црна вдовица“ не е во животна опасност. Неговата здравствена состојба е подобрена, но за целосно излекување потребно е да биде хоспитализиран и наредните неколку дена. По вчерашниот случај кога пајакот црна вдовица касна жител на Струмица, денес струмичани се доста вознемирени. Велат дека не знаат како да се заштитат.

„Ако ме касне таков инсект треба да одам на доктор“, вели граѓанин.

„Не знам што треба да правам ако ме касне“, вели друг граѓанин.

„Не знам што треба да направам за да се заштитам“, вели жител.

Директорот на токсикологија, Чибишев вели дека нема простор за паника затоа што ова е изолиран случај, но сепак посочи дека граѓаните треба да бидат повнимателни затоа што овој пајак постои и кај нас.

„Апсолутно нема никаков простор за паника. Овие се прилично ретки каснувања, не се од редот на каснување од оси или пчели кои секојдневно ги има во голема бројка. Овие инсекти се кријат на места каде што ретко престојуваат луѓето“, изјави д-р Андон Чибишев,  директор на Универзитетска клиника за токсикологија.

Црната вдовица е најотровниот вид пајак во Европа. Убодот е опасен бидејќи отровот на овој пајак е 15 пати посилен од другите пајаци. Мусклулни болки, болки во коските, грчеви во мускулите, главоболка, забрзана работа на срцето и покачување на притисокот, ова се најчестите симптоми при каснување.

По 12 часа симптомите полека се смируваат, но за целосно закрепнување потребни се неколку дена.

Како превентивни мерки се препорачува избегнување на ризични зони, како купишта дрва, камења, места со високо израсната трева како и носење на заштитна облека како ракавици и облека со долги ракави и ногавици.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чакулев: Сѐ она што гледаме дека се гради е главно од постари ДУП-ви

Дејан Дејан

Ниту една урбана општина не го исполнува стандардот од 25 метри квадратни зеленило по жител

Дејан Дејан

Злосторства на „Беланоца/Барон“: Пред 5 години, убиле скопјанец за 10 000 евра бидејќи сметале дека убиениот соработувал во истрагата за петкратното убиство кај Смилковци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе