Вести Свет

Хаос на меѓународниот аеродром во Букурешт поради откажани и одложени летови

На меѓународниот аеродром Отопени во Букурешт настана хаос поради откажани и одложени летови синоќа и утринава.

Патниците кои требало да летаат со авиони на националната авиокомпанија ТАРОМ биле принудени да чекаат на аеродромот со часови ноќе.

ТАРОМ ги откажа денешните летови до и од Каиро, Аман и Бејрут поради „привремен недостиг на членови на екипажот“. Компанијата соопшти дека во согласност со меѓународните воздухопловни прописи и строгата внатрешна политика, секој од летовите во прашање е откажан бидејќи член на екипажот се прогласил за неспособен за летање. Беше невозможно за краток временски период да се презакажат летовите и дојде до нивно откажување, објаснуваат од ТАРОМ.

Агенцијата Аџерпрес јавува дека ТАРОМ денеска откажа 10 домашни и меѓународни летови. Се зборува за летови до и од Каиро, Бејрут, Аман, Јаши, Орадеа, Истанбул, Будимпешта, Франкфурт, Амстердам, Париз.

Во соопштението од компанијата се забележува дека состојбата е без преседан, а тимовите на ТАРОМ од синоќа работат на изнаоѓање решенија во интерес на патниците.

Министерот за транспорт Сорин Гриндеану побара од менаџерскиот тим на компанијата итно да подготви ефективен план за реструктуирање за да се обезбеди оперативниот капацитет на националниот авиопревозник.

„Побарав од менаџментот на ТАРОМ да преземе итна акција во врска со моменталната ситуација! Менаџерскиот тим  ги има сите правни можности  да ги преземе потребните административни одлуки за да се избегнат ваквите тешкотии и да се спречи нивно повторување! Затоа менаџерскиот тим мора итно да предложи ефективен план за реструктуирање за да се обезбеди оперативен капацитет на ТАРОМ“, напиша утрово министерот за транспорт на социјалните мрежи.

Националната романска компанија за воздушен транспорт – ТАРОМ (ТАРОМ) е основана во 1954 година и работи под надлежност на Министерството за транспорт, а е членка на алијансата SkyTeam од 25 јуни 2010 година.

Компанијата поседува флота од 18 авиони и има вкупно 70 дестинации во своето портфолио, опслужени со сопствен авион или заеднички со партнери. ТАРОМ е член на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) од 1993 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе