Ако македонскиот енергетски сектор e дел од фудбалски натпревар би ја поминал групата, но би бил дисквалификуван во четвртфиналето. На ваков начин директорот на секретаријатот на Европската енергетска заедница Лорковски ја опиша состојбата во која се наоѓа секторот. Вели дека минатата година подобри од нас биле Србија, Црна Гора па дури и Украина во која веќе неколку години се војува. Забележале дека подобрување има, но велат дека во енергетика треба уште многу да се работи.
Во просек сте во однос на имплементацијата на законодавството на Енергетската заедница или кога станува збор за успешноста, вие сте на 53 проценти, горе-долу во средина на скалата за мерење, вели Артур Лорковски, директор на секретаријатот на ЕЕЗ
Потенцира дека е потребна поголема регионална соработка во енергетиката за да се избегнат состојба како што се случи пред извесно време кога поради проблем дел од земјите во соседството останаа со часови без електрична енергија.
Пратениците пак ќе гласаат за уште 10 закони кои треба да ја докомплетираат работата на новото министерство за енергетика. Агенцијата за енергетика и нафтените резерви да бидат под капата на оваа институција.
Оцени и дека заостанува и пазарот на гас со образложение дека има спојување на две компании и создавање на нов систем оператор за пренос на гас, но велат се уште не е сертифициран.
Од Европската Енергетска заедница ја пофалија работата на регулаторната комисија и првиот човек Бислимовски. Критиките, но и пофалбите ги слушна и поранешниот премиер Ковачевски кој ја извршување оваа функција во период кога земјава се уште ја чувствуваше енергетската криза, но не го продискутира извештајот од говорницата.
Ирена Чачкова