Миграцијата, пред сè на високостручниот кадар, е загрижувачка, а мерките што ги преземаат надлежните органи не се ефективни и не ги даваат очекуваните резултати, порача Максим Ацевски, директор на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, како генерален заклучок во извештајот на ревизорите за одливот на кадри од земјава.
„Имаме причина да бидеме загрижени и поради тоа што државата ја чини пари за сето тоа и во суштина имаме негативни ефекти од тие високообразовни кадри кои заминуваат од државата“, рече Ацевски.