Вести Македонија Топ вести

Со блокирана сметка и долг од 10 милиони евра се одржуваат магистралните и регионални патишта

Дванаесет години блокирана сметка и долг од 10 милиони евра има Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). За да функционира претпријатието, судот определил месечен лимит од 3,7 милиони евра. Но, секоја година обврските спрема добавувачите се зголемуваат, поради изградба на нови делници, зголемени трошоци за набавка на нафта и нафтени деривати и раст на цени на стоките и услугите. Во рок од четири години, обврските скокнале за двојно и во 2022 година изнесувале, речиси, 16 милиони евра.

„Ваквиот начин на функционирање на ЈП, кое не е во можност редовно да ги плаќа доспеаните обврски, влијае врз зголемување на обврските по извршни решенија и зголемување на обврските по основ на камати, што неповолно влијае на финансиската стабилност и ликвидност на претпријатието и во, исто време, влијае на тековното работење на добавувачите и вредноста на стоките, работите и услугите кои се добиваат во постапките за јавни набавки“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите откриле и дека три милиони евра кои ги должи претпријатието не се прокнижени и дека оттаму не дале соодветно образложение. Притоа не се ни осигурани градежни објекти и средствата со кои располага. Па така, едно од 15-те возила кои биле набавени за чистење на снег по поминати само 150 километри било опожарено, без да биде каско осигурено, а пак фабричката гаранција не била искористена. Тужбата за надомест на штета била поднесена две години по пожарот. Возилото чинело, речиси, 192.000 евра.

Притоа трошоците по основ на надомест на штети, камати и судски трошоци дополнително влијаат на влошување на финансиската состојба на претпријатието и во 2022 година должело 262.000 евра. И покрај намалениот број на вработени, од 840 на 796, платите скокнале без согласност на Владата.

Ревизијата открила и дека во Секциите Струга и Охрид не се обезбедени соодветни услови за чување на залихата на сол за зимското одржување на патиштата. Асфалтната база во Штип, пак, има решение за забрана за работата и е укината А – интегрирана еколошка дозвола, а поради прекршување на законот за заштита на амбиенталниот воздух.

Марија Митевска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе