Русија е зафатена од некои од најлошите топлотни бранови по повеќе од еден век, а Москва денес го собори рекордот од 1917 година. Температурите во голем број градови во најголемата земја во светот по територија надминаа 35 степени Целзиусови.
Во Москва, каде што температурите може да се спуштат до минус 40 Целзиусови степени во зима, живата се искачи на 32,7 степени Целзиусови на 3 јули, соборувајќи го рекордот од 1917 година за тој ден за половина степен, соопшти метеоролошкиот центар ФОБОС.
Соборени се рекорди од пацифичкиот брег на Русија и Сибир до европските делови на Русија, соопшти ФОБОС.
Топлото време предизвика нагло зголемување на побарувачката за клима уреди и вентилатор.
Водата беше поделена на патниците во метрото и во многу возови.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги повика жителите на метрополата, која има над 20 милиони жители, да преземат мерки на претпазливост и да избегнуваат да излегуваат надвор во најжешките часови од денот.
Во текот на денот температурата на воздухот ќе ја надмине климатската норма и повторно ќе се искачи над 30 степени“, изјави Собјанин.
Тој рече дека за утре се прогнозира грмежи и има можност за град.