Вести Македонија Топ вести

Приватните превозници бараат ЈСП да им го исплати долгот, за кој ЈСП вели дека го нема – патниците чекаат решение

Дел од приватните превозници по 10 часот престанаа да возат. Тие ги паркираа своите автобуси, а причината за тоа велат дека е неисплатениот долг од ЈСП. Додека автобусите стоеја паркирани, патниците чекаа на автобуските постојки. Дел од граѓаните не ни знаеја за овој проблем, а останатите велат дека вака е многу потешко и го повикуваа надлежните побрзо да го решат ова.

„Помалку автобуси, повеќе гужва. Меѓутоа, оние што седат во фотелјите треба да го решат ова, а не тие на возачките седишта“, вели еден граѓанин.

„Сметам дека сега ќе биде потешко, ќе има повеќе гужва и чекање. Јас се возам со 24-ка, тој не е приватен, ама, сепак, мислам на другите луѓе“, вели жителка.

„Пешки ако треба ќе одам. Јас сум малку повозрасен, но немам проблем со пешачење“, вели државјанин.

„Потешко е, нормално, на овие жешки температури чекаме половина час. Луѓето колабираат на оваа жештина. Би требало нешто да се направи, доста беа овие проблеми. Имаме нова Влада треба да е сѐ ново сега“, заклучува жителка.

Приватните превозници велат дека не можат да возат цела смена, бидејќи немаат средства. Во наредните неколку дена ќе сообраќаат само до 10 часот во интерес на граѓаните.

„Јас го замолувам јавното сообраќајно претпријатие да ни исплати пари за да можеме ние да возиме по нашиот возен ред. Сѐ додека немаме примања, ние нема да можеме да го смениме ставот“, вели Оливер Петрушевски, приватни превозници.

Од ЈСП велат дека немаат долг од 140 милиони денари кон приватните превозници. И предупредуваат дека доколку престанат да возат ќе добијат тужби.

„Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, а доколку прекинат да ја испорачуваат услугата кон граѓаните, ЈСП ќе биде принудено да покрене соодветни тужби за надомест на материјална штета за непочитување на договорните обврски од приватните превозници“, соопштија од Јавно Сообраќајно Претпријатие.

Приватните превозници најавија дека ќе возат онолку колку што имаат средства, а потоа најверојатно ќе мора да престанат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе