Вести Свет

Предвремени избори во Велика Британија, Лабуристите на чекор од враќање на власт по 14 години

Британците гласаат на предвремените избори кои ги распиша премиерот Риши Сунак, надевајќи се дека брзата предизборна кампања ќе го забави моментумот на Лабуристите, на кои анкетите им предвидуваат убедлива победа. По 14 години поминати на власт, Ториевците ќе заминат во опозиција, а ако се остварат предвидувањата на последните истражувања на јавното мислење ова ќе биде еден од најтешките порази на Конзервативната партија. Дури и на местата кои се сметаат како бастиони на Ториевците како Хенли во Оксфордшир, нивните симпатизери стравуваат од резултатот.

Хенли, би рекол, е можеби еден посебен случај. Ова е Ториевски град, отсекогаш бил. Мислам, можеме да се обидеме, мојата генерација можеби нема да гласа за конзервативците, нема гаранции, но во исто време за кого би гласале? Многу е незгодно, оценува Сем Вилкинсон, менаџер на ресторан во Хенли на Темза.

По 14 години и пет различни премиери кои направија хаос од Брегзитот кој речиси и да го запре економскиот рас, предизвикаа мини финансиска криза и длабоко го поделија општеството околу прашањето на миграцијата, голем дел од Британците се подготвени за промена.

Помладата генерација е далеку позаинтересирана за промени. Затоа мислам дека што и да се случи во Хенли, во оваа област ќе има огромна промена. Но знаете, кој и да победи, ги очекува многу тешка работа. Нема да биде лесно, порача Патриција Мукахи, пензионерка од Хенли на Темза.

Лабуристите во последните 12 месеци имаат стабилна поддршка од над 40 отсто од електоратот, и според најавите на анкетите ги очекува најголемата победа во нивната историја, поголема дури и од првата изборна победа на Тони Блер во 1997 година. Но, оваа предност ги загрижува партиските лидери, кои стравуваат дека поради речиси гарантираната победа на изборите гласачите да се препуштат на рамнодушноста и да не излезат на гласање. Од друга страна пак, гласачите се загрижени од преубедлива победа на Лабуристите.

Има повеќе загриженост отколку оптимизам. Што ќе се случи ако Лабуристите победат, какви промени ќе направат, дали ќе бидеме финансиски постабилни, или засекогаш ќе нѐ заглават во долг, изјави Џорџ Стивенс од Гримзби.

Предизборните анкети им предвидуваат на Лабуристите освојување на повеќе од 430 пратенички места во 650 члениот британски парламент. Ториевците пак, ги очекуваат помеѓу 110 и 130 пратенички места, дури 240 пратеници помалку од минатите избори во 1019 година. За третото место се води мртва трка помеѓу Либералдемократите и партијата на Најџел Фараж, Реформа на Обединетото Кралство.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе