Вести Македонија Топ вести

Пожари во Гевгелија и штипско Караорман

Изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал два пожара на отворено, кои биле изгаснати од страна на противпожарните екипи.

На запалена ниска вегетација на влезот во Гевгелија било интервенирано синоќа од 18 до 18.50 часот од тим од тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Запалена ниска вегетација горела и во штипското село Караорман. Од 17.45 до 19 часот, огнот го гаснеле седуммина пожарникари со три противпожарни возила.

ЦУК регистрирал вкупно 2.053 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, изминатите 24 часа. Како реални биле категоризирани 53,29 проценти од повиците.

Кон полицијата биле упатени 56,64 отсто, кон Итната медицинска помош – 27,73 проценти, а кон пожарникарите – 2,06 отсто, од реалните повици, се наведува во соопштението.

Од ЦУК додаваат и дека за денеска во Скопската котлина, има најава за прскање против комарци, авионско и од земја. Во општините Битола и Новаци, предвидено е прскање против комарци и денеска и утре.

Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се додава во соопштението.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе