Вести Македонија Топ вести

Економските директори нема да може да тужат за менаџерските договори

Економските директори со менаџерски договори можат да тужат, но ако се разрешени во моментов, согласно постоечкиот Закон за здравствена заштита во кој е предвидена институцијата економски директор.

Се разбира, освен во ситуација ако инспекција не утврди тешки злоупотреби, па тоа да е причината за нивното разрешување.

Кога ќе поминат измените, позицијата економски директор се укинува и тие немаат основ според кој ќе можат да поднесуваат тужби.

Затоа засега се разрешени само в.д. директорите, а на Влада поминаа предлог-измените на Законот и тој веќе е испратен до Собрание велат за Телма од ресорното министерство.

До сега се разрешени десет економски директори на клиниките, а за уште петмина други се чекаат законските измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе