Вести Македонија Топ вести

Две години не се издвојувале средства за изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта во 2022 и 2023 воопшто не реализирало средства на изградбата на автопатот Скопје – Блаце се вели во годишниот извештај за работата на „Државни патишта“ за минатата година.

Иако биле планирани милијарда денари, односно околу 16,4 милиони евра, на оваа автопатска делница во текот на минатата година воопшто не биле реализирани средства.

Договорот со Европска банка за обнова и развој за втората фаза од 10,5 километри од селото Блаце до Скопје е потпишан во јули 2022 во вредност од 186 милиони евра. Повикот за надзор и изведувач е распишан дури во 2023, но уште не се знае кои ќе бидат избрани како оператори што ќе работат на автопатот до Косово.

Во извештајот се наведува и дека во тек се вонпарнични постапки за определување на надоместокот на имот, постапка за трајна експропријација, се работело и на завршување на катастарската пренамена на земјоделско во градежно земјиште, на градежен елаборат и на проценки на вредноста на земјиштето.

Најмногу пари во 2023 година биле потрошени за проектот на „Бехтел и Енка“. На конзорциумот требало да му се префрлат 250 милиони евра според планот, но авансно му легнале само околу 210.

За автопатот Кичево – Охрид биле потрошени околу 65 милиони евра, што е за 18 милиони евра повеќе во однос на 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе