Центарот за управување со кризи (ЦУК) во последното деноноќие примил 2.381 повик, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во скопско, но и во останатите делови од земјава, каде невремето продолжи со обилни локални врнежи, некаде со град и со засилен ветар. Најголем дел биле за решавање преку ЦУК, додека останатите се пренасочени кон службите и институциите кои се надлежни за тоа.
Линиите на 112 во ЦУК се вжештија: повеќе од 160 до 200 повици беа примени во првиот час, но тоа не застана во првиот час. Бидејќи времето се придвижи во други делови од нашата држава како што велешко, струмичко, битолско, гевгелиско, валандовско и други региони во нашата држава. Имаме и од таму многу пријави, изјави Илија Бојаровски од ЦУК.
Жената која беше повредена на бул. „Свети Климент Охридски“ во Скопје. по пад на дрво пришто веднаш интервенираше Итната медицинска помош. е во стабилна состојба, без поголеми повреди. Во главниот град за време на невремето се оштетени четири возила и над 20 паднати дрвја и гранки, 10 кабли кои се откачиле од бандерите, три оштетени кровови и една оштетена фасада.
Четиринаесет пријави за пожари на територија на целата држава, проблематични беа повеќето каде што има силен ветар и секоја чест за храбрите пожарникари и силите кои се ангажираа и месното население. Во моментов немаме активни пожари, додава Бојаровски.
Се очекуваат и други пријави за штети и опасности, предизвикани од невремето и денеска да стигнат до ЦУК преку 112. Во исто време, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција и за реагирање при итни случаи.
Нина Стефанова