Вести Македонија Топ вести

Почина по операција на камен во бубрег – стручен надзор во сите здравствени установи во кои се лекувала 32-годишна пациентка од тетовско

Стручен надзор ќе се врши во здравствените установи во кои се лекувала 32-годишната пациентка од тетовско, чиј сопруг, преку медиуми, побара да дознае зошто операција за вадење камен во бубрег, за која се смета дека не е животозагрозувачка, завршила со смртен исход. Од министерството за здравство информираат дека на иницијатива на министерот Арбен Таравари е формирана Комисија, која треба да утврди што се случувало на 19 јуни, кога пациентката два пати била враќана во сала, откако и се влошила состојбата по интервенцијата, но за жал починала.

За случајот со починатата жена по интервенција на камен во бубрег, на иницијатива на министерот Таравари веднаш е формирана комисија за стручен надзор, која ќе направи надзор во здравствените установи каде се лекувала пациентката. По добивање на извештајот, јавноста ќе биде информирана, соопштуваат од министерството за здравство.

Поради болката што ја чувствува, сопругот не е подготвен да излезе пред камери, но одговорите сака да ги дознае и ако треба вели дека ќе побара помош од правници, затоа што тврди дека сопругата немала други здравствени проблеми, а пред интервенцијата и биле направени анализи.

Сопругот сè уште ги чека резултатите од обдукцијата. Добил отпусни писма од двете клиники во кои е напишано дека по операцијата на 19 јуни, на скопската Клиника за Урологија, состојбата и се влошила со пад на притисокот и крварење, по што биле дадени крвни деривати, а поради натамошно влошување била внесена во сала и бил изваден бубрегот. Третпат интервенирал и абдоменален хирург. Била префрлена на КАРИЛ, каде и покрај сите преземени мерки настапила смрт околу 1 часот по полноќ.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе