Мрежата невладини организации, која што ги застапува правата на лицата со попреченост бара средба со премиерот Христијан Мицкоски и со другите надлежни министри од владата. Од Мрежата денеска барањето го доставија до владата, со цел, како што кажаа од Коалицијата „ Менуваме“, заедно да изготват измени и дополнувања на Националната стратегија за права на лицата со попреченост, која беше усвоена минатата , а е со важност до 2030 година. За спроведување на Стратегијата, државата се обврза да издвои 46 милиони евра, кои според Коалицијата „ Менуваме“ , треба да се употребат за унапредување на правата на лицата со попреченост, во образованието, здравствената и социјалната заштита, градежништвото и сл.
- Наместо да се прави проценка на детето, каква е неговата моторика и дали тоа дете може да биде во редовно образование, се правеше базата на информации со разговор со родителите. Што не смее така, бидејќи МКФ проценката не се прави така. Предметите Олигофрено, Дифлологија, како и Сурдологија да бидат применети како предмети во наставата во високото образование. Со цел да можеме ние да имаме капацитети кои ќе одговараат на потребите на децата и лицата со попреченост. Да се направи разграничување помеѓу состојба и болест, бидејќи состојбата е едно, каде медицината од нас кренала раце и ние треба да бидеме дефинирани како состојба, a не како болни во системот. Референтната цена да може да се дефинира кај набавката на скутери, на колички, со кои што се засегнати лицата со инвалидност, како и помагалата за лицата со попреченост. Во Стратегијата се вели, ќе издвојуваме пари за пристапни рампи. Не! Државата има обврска , согласно Законот за градба, да ги гради, кажа Суарет Алишан од Коалицијата „ Менуваме“.