Вести Македонија Топ вести

Коце Трајановски нов директор на Државни патишта

Владата го назначила Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Трајановски доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми.

Беше градоначалник на Град Скопје во времето на Никола Груевски, а претходно и на општина Гази Баба.

Како раководител на Јавното претпријатие за државни патишта ќе има неколку сериозни предизвици со кои ќе треба да се справува, како изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Блаце, а тука е и проектот со „Бехтел и Енка“ за автопатските делници од Коридорот 8 и Коридорот 10Д.

Јавното претпријатие за државни патишта лани оствари добивка од безмалку 100 милиони евра, но прашање е колку е таа реална, бидејќи од државниот буџет беа префрлени околу 240 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“, а непознато е колку од овие пари се реализирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието има алатки за борба против корупција, потребна е волја

Дејан Дејан

Мицкоски ќе им го даде буџетот на увид на синдикатите за да видат дали има пари за повисок минималец- ССМ не се откажува од барањето

Дејан Дејан

Хаосот со приватните автобуси продолжува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе