Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа пред граничниот премин „Богородица“ во која учествуваа две товарни возила, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Синоќа околу половина час по полноќ било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон граничниот премин „Богородица“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. (35) од с. Селемли, Општина Богданци и товарно возило „Ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А. (26) од с. Стојаково, Општина Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а лекар констатирал смрт. С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија“, соопшти МВР.