Вести Македонија Топ вести

Ако „злоупотреба за службената положба“ застари, да се одговори со продолжување на судската постапка – предлог на правниците

На застарувањето на злоупотребата за службената положба да се одговори со продолжување на траењето на судската постапка. Правниците со законска „формула“ за спас од ланските измени на Кривичниот законик (КЗ). Измените на КЗ сè уште го брануваат правосудството. На тема „Измените на КЗ и борбата против корупцијата“, Националната конвенција за Европска Унија ја организираше 14-тата дебата. Учесниците со предлози како да се надомести штетата од ланските измени на КЗ, со кои се овозможи застарување на кривичните дела за злоупотреба на службената положба.

Обвинителите револтирани, судиите разочарани. Раце тријат адвокатите и криминалците кои ја злоупотребиле службената положба. И по 10 месеци сè уште се трага по формула како да се поправи штетата, откако владата предложи, а собранието ги изгласа измените во кривичниот законик. Едно од решенијата, но дискутабилно, е продолжување на траењето на судската постапка за уште две години, откако ќе заврши во основните судови.

Упадот на извршната власт во КЗ е упад во суштината на кривичното дело за злоупотреба на положбата на функционерите, па така со предлогот се избриша користењето на положбата за криминални активности.

Новата власт го има истиот предизвик. Или ќе ги поправи грешките на претходната или ќе се соочи со казна од електоратот, Мухамед Халили, од амбасадорскиот совет, со директна порака до властите.

Со Новиот кривичен законик, кој шета од канацалрија во канцаларија, преку драфт верзија ќе се лечат раните од измените со став 5 – „ако делото е сторено на штета на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија или на единиците на локалната самоуправа, од јавните фондови, од јавните претпријатија или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години“.

Токму овој член би требало да го замени спорниот 353, кој срамно, без никаков отпор, беше осакатен во Собранието со намалување на казни за функционерите со лепливи раце. Проблемот е што сега драфт верзијата се враќа кај политичарите кои треба да го усвојат.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе