Вести Македонија Топ вести

(ВИДЕО) Македонски планинари го вратија државното знаме на Кораб кое беше симнато од „дебарскиот Тарзан“ Шулку

Група македонски планинари го вратија знамето на највисокиот планински врв на Македонија, Кораб, откако претходно беше објавено видео на кое се гледа како извесен Изет Шулку од Пешкопеја, албанска област Дебар го симнува државното знаме и на врвот закачува знаме на Република Албанија.

Планинарите се искачиле на врвот и го ставиле знамето на Македонија, а во постот на социјалната мрежа на Инстаграм е посочено: -Македонија секогаш имала храбри синови!!

Врвот Голем Кораб на планината Кораб се наоѓа на 2.764 метри надморска височина, во рамки на Националниот парк Маврово.

Видеото со симнувањето на државниот симбол на ФБ го постави самиот Шулку, а МВР објави дека станува збор за странски државјанин и дека случајот се истражува. Пред две години, Шулку го искинал и информативниот натпис на врвот Голем Кораб на македонски јазик, а корисникот на ФБ кој го постирал тоа видео напишал дека Шулку е сеалбански патриот, планинар, познат како „дебарскиот Тарзан“.

Во кривичниот законик е предвидена казна за такви дела. Во членот 178 од КЗ, Повреда на угледот на Република Македонија стои: Тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.

Во продолжение видеото од ставањето на државното знаме на Кораб кое наместо државните службеници надлежни за тоа, беше извршено од страна на планинари кои реагирале по шовинистичките пораки на Шулку.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мк Пиреј (@mk.pirej)

Не е државјанин на Македонија, МВР за “дебарскиот Тарзан” кој го сквернави државното знаме на Кораб

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе