Вести Свет

Светската банка ја префрли Русија во највисока категорија на приходи

Русија е означена како земја со високи приходи во најновиот извештај на Светската банка. Бруто-националниот приход по глава на жител, како што се наведува во документот, порасна од 12.830 долари во 2022 година на 14.250 долари во 2023 година, со што Русија ја напушти групата на земји со виш среден приход и мина во највисока категорија.

Светската банка ги рангира земјите во четири групи на приходи – конкретно висок, виш среден, низок среден и низок. При пресметката на бруто-националниот приход по жител, банката го користи Атлас методот, пренесува „Комерсант“.

Банката го објасни напредокот на Русија со вложувања во одбраната и обновување на активностите во трговијата, финансискиот сектор и градежната индустрија.

„Овој чекор на Светската банка значи дека угледната глобална институција го препозна успехот на економските политики на руските власти во минатата деценија“, рече рускиот претставник во Светската банка, Роман Маршавин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе