Вести Македонија Топ вести

Променливо облачно со услови за пороен дожд, ветeр над 70 км/ч, грмежи и град – временска прогноза за 2.7.2024

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветeр со брзина над 70 км/ч и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23°C, а максималната ќе достигне од 27 до 35°C.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и наместа со град. Максималната дневна температура ќе достигне до 31°C.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува временска стабилизација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе