Вести Македонија Топ вести

Полицијата сè уште трага по напаѓачите во Батинци

Полицијата сè уште трага по напаѓачите кои вчера наутро во скопското село Батинци со автоматски пушки пукаа кон двајца браќа, и  го убија едниот од нив.

Лицата кои пукале во браќата биле маскирани, а нападот го извршиле од „мерцедес“ во движење, со германски регистарски таблички.

Возилото кое го управувале двајцата браќа било со италијански ознаки.

Второто лице кое беше сопатник во возилото се здобило со прострелна рана во рамото и е префрлено на скопските клиники.

По рафалната стрелба според очевидци, напаѓачите заминале кон село Драчевица, а регионот вчера го надлетуваше полициски хеликоптер.

Мотивите за сега не се познати, но се шпекулира дека станува збор за крвна освета за случај од пред 15-тина години кога било убиено дете, по што браќата досега се криеле во Италија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе