Вести Свет

Орбан во изненадувачка посета кај Зеленски – унгарскиот премиер допатува во Киев

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изненадувачки пристигна во Киев на разговори за украинско-унгарските односи со неговиот домаќин, претседателот Володимир Зеленски.

Посетата на Орбан, кој е отворен критичар на западната воена помош за Украина, доаѓа по еден ден од унгарското преземање на ротирачкото претседателството со Европсклата Унија (ЕУ).

„Најважна тема на разговорите ќе биде прилика за создавање на мир“, напиша Берталан Хаваши, претставник на Орбан за медиуми, во одговорот со „Ројтерс“.

Орбан, кој меѓу челниците на ЕУ важи за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, честопати се противеше на иницијативите на Унијата за поддршка на Украина во нејзината одрбана од руската агресија по инвазијата во февруари во 2022 година. Лани на Путин му рече дека Унгарија никогаш не сакала да се спротивставува на Русија.

На челниците на ЕУ на почетокот на оваа година им требаа недели за симнување на унгарското вето за одобрување на нова помош за Киев во вредност од 50 милијарди евра. Европската Унија во текот на минатата недела ги отвори преговори за членство на Украина во ЕУ, давајќи и на земјата политички поттик за време на војната со Русија, иако сè уште постои долг и тежок пат пред можноста да се придружи на блокот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германски генерал предлага и жените да бидат регрутирани во војска

Дејан Дејан

Русија е зафатена од топлотен бран; во Москва соборен е рекорд од 1917 година.

Дејан Дејан

Земјотрес ја погоди Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе