Вести Македонија Топ вести

На „Богородица“ се чека 40 минути за излез од земјава, на „Табановце“ се влегува во Македонија за 30-тина минути

На граничниот премин „Богородица“ утрово се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од земјава е околу 40 минути. На „Табановце“, пак, исто така има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, а времето на чекање изнесува околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе