Вести Македонија Најважни

(Видео/Фото) Дрво падна врз жена и кола од силниот ветар во центарот на Скопје – сличен инцидент и пред Веро Џамбо

Една жена е полесно повредена во центарот на Скопје, откако врз неа паднало дрво по силниот ветар во главниот град. Жената била удрена со гранките од дрвото.

Инцидентот се случил на булеварот пред ресторанот „Букет“ и пред седиштето на ЗНАМ спроти Театар „Комедија“. Дрвото предизвикало штета и на едно паркирано возило и на дел од оградата на ресторанот.

Булеварот во правец кон „Нова Македонија“ и кон Клиничкиот центар беше затворен додека траеше интервенцијата за отстранување на дрвото.

Сличен инциднет се случи попладнево и во близина на „Веро Џамбо“ падна дрво како резултат на силниот ветер.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утрово апелираше за внимание од појава на пороен дожд, грмежи и силен ветар над 70 километри на час.

Од УХМР предупредија дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.

„Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени“,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе