Вести Македонија

Бугарски медиуми: министерката Божиновска водела сериозен бизнис во Бугарија

Не само што поседувала бугарско државјанство, туку водела и сериозен бизнис во соседна Бугарија.

Ова тврдење го изнесе бугарскиот медиум „Фактор“, осврнувајќи се на изборот на Сања Божиновска во Владата, на позицијата министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

Oд медиумот тврдат дека располагаат со податоци за поврзаност на Божиновска, со голема компанија од областа на енергетиката во Бугарија.

„Основната дејност на „РУДНАП ГРУП БУГАРИЈА“ е развој и реализација на проекти од областа на енергетиката, производството и трговијата со електрична енергија во Бугарија и во странство, вклучително и производство и трговија со енергетски производи како нафта, природен гас, јаглен, складирање и транспорт на енергетски производи и слично. Во 2012 година компанијата остварила промет од околу 65 милиони евра“, пишува бугарскиот медиум faktor.bg.

Темата стана актуелна во јавноста, откако Сања Божиновска не го навела бугарското, ниту чешкото државјанство во својата биографија.

Според министерката, пак, ова се случува откако таа најавила бескромпромисна борба против корупцијата и криминалот и ревизија на сите тендери и коруптивни зделки во областа на енергетиката.

За бугарскиот пасош, Божиновска тврди дека е со истечен рок и дека не побарала негово продолжување.

„Ова повеќе од јасно говори за мојата одлучност да се откажам од бугарското државјанство, кое, како што посочив претходно, го поседував исклучиво заради моите деловни активности на територијата на Европската унија. Имајќи го сето ова предвид, јас навистина не би можела да наведам во биографијата дека поседувам бугарско државјанство и пасош“, е ставот на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера кажа дека не гледа ништо спорно што член на неговиот кабинет нема наведено во својата биографија дека поседува државјанство на Република Бугарија и Република Чешка.

Според Мицкоски, Божиновска не ја манипулира јавноста, туку станува збор за центри на моќ кои се обидувале да направат дефокус на работата на Владата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Настов е нов директор на „Свети Наум Охридски“, Мехмедовиќ на Клиниката за физикална медицина – Таравари со кадровски решенија за дел од здравствените установи

Дејан Дејан

Маричиќ, Шаќири и Бајрами остануваат на државна плата

Дејан Дејан

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе