Вести Македонија Топ вести

Божиновска: Барањето за откажување од бугарското државјанството ми е поднесено и прифатено

Министерката Сања Божиновска, која е на патување во странство, за Телма пишува дека нејзиното барање за откажување од бугарското државјанство е прифатено, а сите неопходни документи предвидени во постапката биле соодветно поднесени.

„Дополнително, јас веќе ја информирав јавноста дека пасошот со кој располагав е со истечен рок на важност, а од моја страна никогаш не беше поднесено барање за негово продолжување. Ова повеќе од јасно говори за мојата одлучност да се откажам од бугарското државјанство кое, како што посочив претходно, го поседував исклучиво заради моите деловни активности на територијата на Европската Унија. Имајќи го сето ова предвид, јас навистина не би можела да наведам во биографијата дека поседувам бугарско државјанство и пасош“, пишува Божиновска која раководи со новиот владин ресор – Министерство за енергетика и рударство.

Во одговорот додава дека темата за тоа какви дополнителни државјанства поседувала станала актуелна во моментот кога најавила дека бескомпромисно ќе се бори со корупцијата и криминалот и ќе направи ревизија на сите тендери и коруптивни зделки во делот на енергетиката, чии што негативни последици паднаа врз грбот на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германски генерал предлага и жените да бидат регрутирани во војска

Дејан Дејан

Русија е зафатена од топлотен бран; во Москва соборен е рекорд од 1917 година.

Дејан Дејан

Земјотрес ја погоди Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе