Вести Македонија

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ја критикуваше најавата на новата влада за линеарно зголемување на пензиите. Таа во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека имало подобри решенија за покачувањето на пензиите

Линеарното зголемување не е добро за сите пензионери, има многу подобри решенија како оние пензионери со најниските пензии, впрочем денес пензионерите земаат скоро 14.000 таа најниската пензија, а пред 2 години земаа 9.000. Од една страна зборуваме за линеарно покачување, нека е 5.000 денари на два пати, а од друга страна јасно е дека постоечката методологија која што навистина допринесе за раст на пензиите од 9.000 на 14.000 да растат пензиите за две години да пораснат за над 30 проценти. Навистина во овој момент не можам да кажам ништо за законското решение затоа што не сме го виделе, какво ќе биде, како ќе бидат понатаму покачувањата на пензиите, дали методологијата ќе се смени, дали ќе биде со трошоци на живот кои што нема да допринесат до раст на пензиите, рече таа.

Можеби има подобри решенија за зголемување на пензиите, но и вие имавте можност изминативе 7 години да ги направите, и одговори марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, решенијата на СДСМ за пензионерите ги извадија на протести на улица.

Она што ВМРО-ДПМНЕ го направи е да го послуша гласот на пензионерите, и нивното барање за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари да го реализираме. Согласно она што го напоменавте за законите коишто ќе стигнат во Собранието, првиот е ребалансот на буџетот со кој што ќе биде опфатена оваа мерка и мерката за 100 милиони евра оваа година трансфер на општините за реализација на проекти. Очекуваме и Министерството за образование и наука да има еден пакет на закони кои што ќе пристигнат до Собранието, рече Митева.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе