Вести Свет

Ултра десничарите на Марин Ле Пен на чекор од власта во Франција

Националниот фронт, најпознатата крајнодесничарска политичка партија во Франција со која до пред 10-на години се потсмеваа политичките опоненти, денеска е на чекор од власта. На вчерашните избори нејзините кандидати освоија 33,4 проценти од гласовите а анкетите ѝ предвидуваат дека во вториот круг може да освои помеѓу 260 и 310 пратенички места, токму околу потребниот број за апсолутно мнозинство 189 пратеници. Тоа е и целта на нејзиниот лидер Жордан Бардела.

Мојата амбиција е апсолутното мнозинство. Го повикувам францускиот народ да остане мобилизиран, и имам намера, нормално, врз основа на тоа апсолутно мнозинство да формирам влада на национално единство за да го имплементира проектот за закрепнување кој ѝ го претставив на државата, порача бардела.

Од другата страна е крајнолевичарската коалиција Нов народен фронт со 27,9 проценти од гласовите, пред владејачката партија на претседателот Макрон, која остана далеку назад со 20,7. Националниот фронт со вчерашниот прв круг на избори се покажа како најголема политичка сила во Франција, и реалната можност за освојување на власта ги загрижува не само нејзините политички опоненти, туку и цела Европа.

Многу гласачи сметаат дека Макрон не ја разбира нивната загриженост, особено економската, и дека е дел од една арогантна париска елита. Марин Ле Пен ги искористи тие фрустрации, особено обвинувајќи ги мигрантите за многу од проблемите на Франција. Нејзината партија ќе ги намали правата на луѓе со мигрантско потекло, а тоа ги загрижува многумина од нејзините противници. Тие го сметаат тоа како закана за човековите права и француските демократски идеали, вели ангела чарлтон, уредничка на Асошиејтед прес за западна европа.

Останатите политички партии во Франција започнаа со организирање на заеднички настап во вториот круг. До сега 167 кандидати се повлекле од вториот круг на изборните единици каде имаше по тројца кандидати за да им дадат поголема шанса на противкандидатите на Националниот фронт.

Ниту еден глас не треба да оди за Националниот фронт. Во оваа ситуација, Франција заслужува ние да не се двоумиме. Никогаш. Ако сакаме да бидеме на нивото на француската судбина, тогаш наша морална должност е да направиме сѐ за да го спречиме најлошото, повика премиерот габриел атал.

Француските гласачи се заглавени помеѓу две екстреми и за многумина изборот не е помеѓу поголемо и помало зло, туку две идентични. За нив, главниот виновник за оваа ситуација е токму претседателот Маркон и неговите лоши политики.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП демантира дека има долг кон приватните превозници, најавува тужби доколку прекинат да возат

Дејан Дејан

Тошковски: „Безбеден град“ ќе профункционира за многу брзо

Дејан Дејан

Тошковски: Очекуваме за два месеци издавањето патни исправи да го вратиме во нормалниот законски рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе