Вести Македонија Топ вести

Распишан е тендер за набавка на нови компресори во хируршките сали, до Нова Година треба да заврши постапката и вградувањето, најавува Таравари

До крајот на годинава треба да биде решен проблемот со хируршките сали во Клинички центар. До тогаш ќе работат со исто темпо како што работеа до сега, со тоа што повеќето од половина од капацитетите функционираат, вели Таравари.

Од Општи служби денес добив информација дека е објавен тендер за компресорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се направат и да се вратат во функционална состојба, јас се надевам дека ќе биде до крајот на декември. Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клинички центар во Скопје ИЗЈАВИ ТАРАВАРИ.

Во меѓувреме се разгледува и можностa за соработка со ГОБ„ 8 Септември“ и со Градската болница дел од итните операции да бидат координирани од Клинички и дали кадарот од Клинички може да ги работи случаите кои се итни и кои не може да чекаат подолг период во овие две болници. Сепак за ова треба да има законско решение за кое Таравари се надева дека ќе имаат разбирање сите политички партии.

Во текот на оваа недела Таравари ќе се сретне и со приватните специјализанти за да се најде вин -вин решение за двете страни, додавајќи дека ние сме единствената држава не во регионот туку во светски рамки каде има приватни специјализации, затоа е потребна и стратегија со која одредени специјализации во иднина ќе бидат ставени во мирување.

Да им дадеме ние решение за работа, а тие да работат некаде каде што сакаат  или каде што има дефицит на кадар. Се со цел онаму каде што ни недостасува кадар да бидат пополнети со овие колеги, меѓутоа за тоа треба да има договор меѓу нас па да излеземе со заедничка изјава ИЗЈАВИ ТАРАВАРИ.

Веднаш по назначување на нов директор на Фондот за здравство за прв пат по 15 години ќе има нова позитивна листа на лекови,  но и нов Закон за лекови , достапност на квалитетни лекови, но и контрола дали има злоупотреба на истите. Случајот со Онкологија е доволен пример, додаде Таравари и не би сакал да размислувам дека има повеќе „онкологии“  низ Македонија.

Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Џефри Сакс: САД се најголем непријател на Украина, ја претвораат земјата во европски Авганистан

Дејан Дејан

Лицата со попреченост бараат средба во владата за измени и дополнувања на Стратегијата за оваа категорија граѓани

Дејан Дејан

Пробацијата како решение за пренатрупаност на затворите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе