Вести Свет

Почина најголемиот албански писател Исмаил Кадаре

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во болница во Тирана од срцев удар на 88-годишна возраст, јавија албанските медиуми.

Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Бил академик, политичар, поранешен пратеник на Народното собрание (1970-’82), потпретседател на Демократскиот фронт и еден од најголемите современи писатели.

Пишуваше главно по проза, но неговиот придонес се прошири и на драматургијата, поезијата и преводите.

Започнал да пишува уште кога бил млад, прво поезија, со која станал познат, а потоа проза, станувајќи главен албански прозаист. Неговите дела се преведени на околу 45 различни јазици, со што е главен претставник на албанската литература ширум светот.

Тој е еден од  најбрилијантните современи писатели, неколкупати номиниран за „Нобеловата“ награда за литература. Најпознато негово дело е “Генералот на мртвата војска”.

Во 1996 година Кадаре стана постојан член на Академијата за морални и политички науки во Франција. Тој е добитник на  многу меѓународни награди, вклучувајќи ја и меѓународната награда “Ман Букер”во 2005 година, наградата за уметност Принцот од Астуриас во 2009 година и наградата Ерусалим во 2015 година. Во последните години, тој со сопругата Елена живееа на релација Франција- Албанија.

Во  есента 1990 година, Исмаил Кадаре решил да ја напушти Албанија и да остане во Париз. Писателот во тоа време ваквото заминување го оправдувал со „недостигот на демократски промени“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нафтата поскапува по пријавениот пад на залихите во САД

Дејан Дејан

„Политико“: Трамп преговара со Путин колку украинска земја може да задржи

Дејан Дејан

Едно лице тешко повредено, над дваесет полесно по пад на стакло пред ноќен клуб во Сплит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе