Вести Македонија Топ вести

Не е државјанин на Македонија, МВР за “дебарскиот Тарзан” кој го сквернави државното знаме на Кораб

Откако медиумите објавија видео како извесен Изет Шулку, планинар од градот Пешкопеја, во областа Дебар во Албанија го симнува државното знаме на Македонија од врвот Кораб и го заменува со знаме на Албанија- прва реакција од МВР. Не станувало збор за македонски државјанин и не е соопштено како дошол на територијата на Македонија.

-Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена, велат од МВР.

Видеото е објавено на ФБ пред два дена. На него се гледа како Шулку го симнува знамето на Македонија и го менува со знамето на Албанија. На постот е напишан и шовинистички коментар.

-Кораб е албански и таму нема место за македонското знаме, напишал Шулку на својот ФБ профил, покрај видеото.

На видеото се гледаат уште две лица кои се смеат, а 4-тиот од групата го сбима видеото.

Шулку пред две години го искина знакот на македонски јазик на кој имаше информации за врвот Кораб. На тој ФБ пост беше напишано „Изет Шулку, дебарски и сеалбански патриот. Почит и благодарност, за Тарзан од Дебар, планинар и предизвикувач на природата!“

ВИДЕО: Државното знаме на Македонија од врвот Кораб заменето со она на Албанија со шовинистички коментар на дебарскиот Тарзан

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе