Вести Свет

Мицотакис: Јуни беше тежок месец, но летото ќе биде особено опасно за пожарите

Јуни беше исклучително тежок месец во однос на временските услови, со голема суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината, но треба сите да бидеме внимателни и во текот на летото, кое според прогнозите ќе биде особено опасно, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, осврнувајќи се на ситуацијата со пожарите во земјата.

Мицотакис посочи дека „државата е присутна од првиот момент во стотина жаришта на целата територија“, додавајќи дека овој пат координацијата е значително подобрена.

-Верувам дека овие денови видовме многу подобра координација, видовме многу навремена интервенција на противпожарната служба, за првпат ја видовме големата важност на дроновите за рано откривање на пожарите. Мислам дека видовме подобра координација на полицијата, локалната самоуправа и волонтерите и мислам дека резултатот од овој напор беше што, и покрај тешките услови, изгорените површини и штетите беа ограничени во однос на големината на заканата, истакна Мицотакис.

Како пример, ги спомена податоците од двата големи пожари во близина на Атина во текот на викендот и рече дека сепак изгореле помалку од 100 хектари, а паралелно порача дека за време на сезоната на пожари, неопходна е помошта од граѓаните, особено во делот на превенцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаневска: И волшебно стапче да имаме, учебници за седмо одделение до 1 септември ќе немаме

Дејан Дејан

Се степале татко и син, едниот транспортиран во болница во Скопје – семејна физичка пресметка во Куманово

Дејан Дејан

МОН, МВР и министерствата за Животна средина и за политички систем со најголема изложеност на корупција – рангирање на ЦГК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе