Вести Македонија

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Најсложената операција во целокупниот овој систем ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ, порача новиот партиски лидер Венко Филипче. Според него во партијата има една генерално лоша внатрешна комуникација помеѓу луѓето и една таборизација. Затоа тој предлага многу почести средби на раководството со членството низ општинските организации.

Сметам дека со овој пристап во којшто многу често ќе бидеме на терен, ќе разговараме со сите и сите, или што повеќе луѓе ќе бидат вклучени во градењето на политиките, ние партијата ќе ја трансформираме во една ефикасна организација, којашто ќе носи политики во интерес на сите, рече филипче.

Откако му беше посочено дека таборизацијата отсекогаш била болка на СДСМ, Филипче го отфрли овој аргумент, тврдејќи дека луѓето одат кон таборизација и се групираат во табори тогаш кога не им се слуша гласот.

Доколку им се понуди широка платформа во што поголем број присутни членови, не само на раководство, да раководство кое што во следниот период откако ќе се направат статутарните измени ќе бидат избрани од самите членови, и самото тоа е акт на слушање на гласот на членовите. Меѓутоа, и во градење на други политики преку често присуство во општинските организации на целокупното раководство, сметам дека тие табори на некој начин ќе паднат. Зошто? Поради тоа што сечиј глас ќе биде слушнат. Тоа е мојот план, и сметам дека главната работа што треба да се направи, што впрочем го кажуваат и самите членови како нивно барање, па тоа често состанување е практично лекот да се стигне до таа работа, сметам дека сите тие работи во контекст на тоа што јас го нарекувам реформа на менталитетот ќе го направи, рече новиот лидер на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: „Безбеден град“ ќе профункционира за многу брзо

Дејан Дејан

Тошковски: Очекуваме за два месеци издавањето патни исправи да го вратиме во нормалниот законски рок

Дејан Дејан

За еден час – 200 повици, за цело деноноќие – 2.381 – невремето го „прегоре“ бројот 112 во ЦУК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе