Вести Македонија

ЦУК: Десет пожари на отворено, еден сè уште е активен

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали интервенции. Еден сè уште се води како активен, во Општина Василево, кај с. Добрашинци, каде гори ниска вегетација, ниска шума и грмушки.

Целосно изгасените се девет пожари на отворено  во општините: Гази Баба имало два пожара, кај с. Јурумлери (горело жито) и повторно с. Јурумлери (ѓубре); Карпош, кај с. Злукуќани (ниска вегетација); Кавадарци имало три пожари, кај с. Ваташа (ниска вегетација, нискастеблеста шума), покрај ул. „Видое Смилевски Бато“ (ниска вегетација) и покрај ул. „Ристо Ѓонев“ во с. Ваташа (ниска вегетација); Битола кај училиштето „Тодор Ангелевски“ (ниска вегетација); Охрид, кај месноста „Мауцкер“ (депонија) и во Општина Куманово, кај с. Лопате (горела ниска вегетација).

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.024 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ повици биле 58,60 %, а 41,40 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 57,14 %, кон Итната медицинска помош 27,73 %, а кон пожарникарите  5,04 %, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 878 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (10,08%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (41,40%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Едниот на кран во Чањ, другиот на голф терен кај Котор – кобни громови за две лица во големо невреме во Црна Гора

Дејан Дејан

Деспотовски го оспорува изборниот резултат, но нема да дејствува како фракција во СДСМ

Дејан Дејан

Гривчева Старделова со барање до Таравари за нејзино разрешување како медицински директор на Гастро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе