Вести Македонија Најважни

СДСМ утре избира нов лидер на партијата, право на глас имаат околу 23.000 членови

Нов претседател на СДСМ ќе се избира утре, а за гласање се пријавени околу 23 илјади членови на партијата. Четворица кандидати се во игра. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Својот глас за некој од нив членовите ќе можат да го дадат во општинските организации на партијата од 8 до 20 часот. По историски најголемиот пораз на СДСМ на последните парламентарни избори и оставката на Димитар Ковачевски, сите ветија реформи во партијата и нејзино враќање на правите патеки. Но, нивната кампањата не помина глатко, туку со меѓусебни обвинувања.

Вчера Петровска бара стопирање на процесот, бидејќи изборите немало да бидат фер и нема да донеле ништо добро за партијата. Тоа сепак не беше прифатено од Централната изборна комисија на СДСМ која и одговори дека процесот е легитимен. Притоа останатите тројца кандидати, освен Петровска, доставиле список на предлог-контролори за избирачките места.

Неколку дена претходно јавни пораки си разменија и Депостовски и Филипче.

Деспотовски обвини дека екс лидерот на СДСМ Зоран Заев го турка со сила изборот на Филипче, кој не е тајна дека му е близок пријател. На што Филипче возврати  дека обидот да за негова дискредитација само ја слабее СДСМ и дека членовите ќе одлучат кој ќе ја предводи партијата.

На Деспотовски ова не му е прва трка. Претходно загуби од Ковачевски на вонредните внатрепартиски избори. Тогаш гласаа околу 44 илјади членови на СДСМ

Утре право на глас имаат 23.373 членови во 77 избирачки места. За да се избере лидер на партијата потребно е еден од кандидатите да добие 50 отсто плус 1 од гласовите. Во спротивно ќе има втор круг меѓу оние двајца кандидати со најмногу гласови. Ова е третпат да се применува овој модел на гласање, а на овие избори на СДСМ се пријавени најмалку гласачи од сите претходни.

Оној што во партиската фотелја ќе го замени Ковачевски, сепак ќе има мандат само до март, бидејќи СДСМ не успеа да обезбеди кворум за одржување на Конгрес за менување на статутот.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во скопско Батинци

Дејан Дејан

Почина Исмаил Кадаре, борецот со перо против тоталитарните системи

Дејан Дејан

Премиерот Мицковски не гледа ништо спорно кај министерката Божиновска која не го наведе бугарското државјанство во биографијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе